Маркетинг и медиуми

За поголем успех на настанот, организаторот спојува три клучни сегменти, офлајн медиуми, онлајн медиуми и медиуми како директен маркетинг алатки со цел да го привлече вниманието и присуството од страна на пошироката јавност, на ИКТ секторот и останатиот бизнис сектор. Комбинирајќи ги горенаведените алатки спроведен е сеопфатен медиумски план, кој додава голма вредност на сите оние коишто сакаат да го посетат настанот и на сите оние кои ќе учествуваат на настанот како изложувачи.


Офлајн медиуми

  • Надворешен маркетинг – билборди, флаери и постери
  • Дневни и неделни весници
  • ТВ – Кампањи и интервјуа
  • Радио – Кампањи и интервјуа

Онлајн медиуми

  • Дневни Портали
  • Google рекламни кампањи
  • Facebook рекламни кампањи
  • Facebook интерактивни игри со награди

Директни медиуми

  • Глобална директна кампања преку поддржувачите Инвестирајте во Македонија, спроведена во 22 земји.
  • Локални директни кампањи преку Сојузот на Стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија кои спроведуваат покани и информации на своите медиуми до своите членки, и преку партнерството со компании за односи со јавноста со база на податоци од 35,000-40,000 регистрирани фирми.