Изложувачи

 

Како што прераснува ИКТ бизнис секторот во Македонија на сериозно ниво во изминатите години, се зголемува потребата од ваква сеопфатна манифестација. Иницијативата за организација на LAN Fest Conference 2011 е на барање од ИКТ секторот на локалниот пазар, како резултат на недостаток на интеракција меѓу странските и локалните ИКТ бизнис сектори, останатиот бизнис сектор и широката публика, како и недостатокот на сеопфатни собир на ИКТ експерти во однос на ИКТ услугите и технологиите. LAN Fest Conference е голема можност и место каде што треба да се присуствува, со цел да се генерираат нови клиенти и соработки.

Настанот e фокусиран на саемското изложување и примарна цел се малите и средните компании надвор од ИКТ секторот, како и соработка со странски организации. Изложувачите на настанот ќе се претстават и ке ги презентираат следните аспекти на ИКТ:

 

              WAN услуги и опрема – провајдерите, TeleExchange простории, за управување и безбедност

              LAN и WLAN решенија и опрема, како и брендови присутни на локалниот ИКТ пазар

              Пасивни и структурни кабелски технологии и производи

              Е-услуги, софтверски решенија и консултантски услуги

              Outsourcing-от и кадровски услуги за туѓи пазари

              Финансиски софтвер

              Водечки дистрибутери и брендови на пазарот на локално ниво (Хардвер и Софтвер)

              ИКТ образование и консултантски услуги, како и литература

              Сателитски и GPS уреди

              Производи, интерактивни и иновативни технологии развиени од страна на локалните компании

              Проекти на локалните Министерства - претходните, тековните и идните проекти, како и идната агенда

              Употреба на дигитални иновации и мултимедија во секојдневниот живот

              Деловни услуги поврзани со трговија


  

Зошто да присуствувате и изложувате на LAN Fest Conference 2011?

 

-               Присуство на единствениот ИКТ саем во регионот од ваков вид, можност да ги претставите своите услуги и производи, проширување и зголемување на растот на вашата организација

-               Директно изложување на услуги и производи пред потенцијалните клиенти

-               Директен контектор на фирми

-               Привлекување на домашни и странски посетители кои се Ваши потенциални клиенти и соработници, преку сеопфатната маркетинг агенда за настанот.

-               Фракција од трошоците во споредба со другите маркетинг медиуми за контретната таргет група

-               Поддршка и соработка од повеќе јавни и приватни установи.

 

LAN Fest Conference има цел да го зголеми растот на домашните ИКТ производи и услуги како и да ги промовира изложувачите од мали-средни претпријатија и големите корпорации, за да се придобије крајниот клиент и корисник, како на локално така и на глобално ниво.

 

Подолу е ценовникот за учество/изложување на LAN Fest Conference