LAN Fest Conference 2011
Иницијативата за организација на настанот LAN Fest Conference 2011 произлегува од потребата на ИКТ секторот на локалниот пазар, како резултат на недостаток на интеракцијата помеѓу ИКТ бизнис секторот, останатиот бизнис сектор и широката јавност, како и недостатокот на сеопфатни собир на ИКТ експерти на локалниот пазар во областа на нови услуги и технологии.
Овој настан се организира за прв пат во Македонија, а ќе се одржи во повеќенаменскиот центар Борис Трајковски на 20-22 Мај 2011 година. Настанот се состои од четири под-настани.
Саем за информациони и комикациски технологии
Настанот е организиран со причина да им помогне на ИКТ бизниси фирмите да ги прикажат своите производи и услуги, како и иновативните технологии, каде што останатиот бизнис сектор и пошироката јавност ќе можат да ги најдат нивните потребни производи и решенија за време на тридневниот настан. Фокусот на настанот е од саемски карактер, чија примарна цел се малите и средните бизнис претријатија од останатиот бизнис сектор. Изложувачите на настанот ќе презентираат услуги и прозиводи од следниве аспекти на ИКТ:
• WAN услуги и опрема - провајдери, TeleExchange простории, менаџирање и безбедност
• LAN и WLAN решенија и опрема, како и брендови присутни на локалниот ИКТ пазар
• Пасивни и структурни кабелски технологии и производи
• Е-услуги, софтверски решенија и консултантски услуги
• Outsourcing-от и кадровски услуги за туѓи пазари
• Финансиски софтвер
• Водечки дистрибутери и брендови на пазарот на локално ниво (Хардвер и Софтвер)
• ИКТ образование и консултантски услуги, како и литература
• Сателитски и GPS уреди
• Производи, интерактивни и иновативни технологии развиени од страна на локалните компании
• Проекти на Министерствата - претходните, тековните и идните проекти, како и идната агенда
• Употреба на дигитални иновации и мултимедија во секојдневниот живот
• Деловни услуги поврзани со трговија
Конференции и предавања
Конференциите и предавањата ќе се одржат во една конференциска сала и две предавални и ќе бидат извршшени од страна на присутните излагачи, локални ИКТ експерти и од страна на министерствата. Конференциите и предавањата ќе бидат од отворен и затворен карактер, сите јавни посетителите ќе можат да присуствуваат на отворените конференции и предавања, доодека затворени конференции и предавања ќе бидат овозмеожени само за оние кои имаат ВИП билети и покани.
Дигитален фестивал
Е мултимедијален настан, неговата форма е со едукативен и забавен карактер, каде што 500 учесници ќе имаат можност да учествуваат во најголемиот LAN дигитален фестивал во регионот, континуирано во период од 50 + часа. Учесниците ќе бидат мрежно поврзани каде што се овозможува голема интеракција помеѓу нив, размена на едукативен материјал, забава, различни видови на натпреварувања, secure auditing sessions , кои овозможуваат директна интеракција со фирмите, изложувачите и останатите посетители за да се зголеми размената на дигитални и дневни информации меѓу нив.
WCG квалификации
Организирани седми пат по ред од страна на MESF (Македонска Е-Спорт Федерација) со себе носи се поширока публика и внимание секоја година. Најдообрите натпреварувачи во неколку дисциплини ќе ја претставуваат Македонија на WCG 2011 година во финалето во Јужна Кореја. Оваа година за прв пат ќе биде направена комбинацја помеѓу Дигиталниот Фестивал и WCG квалификациите во тридневната богата програма со цел да се привлечат повеќе учесници и посетители, каде што по работното време на ИКТ саемот ќе има и ноќна програма со DJ-и и познати личности.





.jpg)

.jpg)

.jpg)
.jpg)
.jpg)






.jpg)


.jpg)

.jpg)
.jpg)

















