WCG Кфалификации - Македонија 2011

wcglogo(1).jpg

www.mesf.mk


Познат како светскиот најсеопфатен меѓународен компјутерски и гејминг натпревар, WCG е најголемиот светски фестивал со најголема посетеност и најголем награден фонд, со преку 74 земји учеснички. WCG исто така промовира хармонија со имплементирање на меѓународна гејминг култура.

Лидер во глобалниот дигитален свет, WCG промовира сајбер култура во светот преку е-спорт. Како дополнение на натпреварите, WCG организира меѓународни бизнис конференции, изложби и културни настани, позиционирајќи се како најпрестижен дигитален културен фестивал.

Во изминатите 10 години, World Cyber Games станаа најголемиот светски натпревар во сајбер спорт. Почнувајќи со само 10-тина држави во 2000 година, минатата година на светското првенство во Кина учествуваа 89 држави. Повеќе од 800 учесници ги бранеа боите на своите држави, а 8.5 милиони спектатори
онлајн ги следеа резултатите.

Оваа година, 11-тото светското првенство ќе се одржи во Кореа, земјата домаќин и организатор на првенството и се очекува да биде досега најпосетен и најдобро организиран е-спорт евент. Организаторите се надеваат дека во 2012, на олимписките игри во Лондон, е-спортот конечно ќе стане дел од елитните светски спортови.


6-тите по ред национални квалификцаии беа настан за помнење. За прв пат, учествуваа повеќе од 60 екипи, имаше повеќе од 2000 посетители, а медиумското покривање наликуваше на вистински популарен спортски настан. На конференцијата за печат, покрај градоначалникот г-дин Коце Трајановски, присуствуваше и Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, г-динот Диме Спасов. Нивното присуство и атрактивноста на самиот настан придонесоа биквално сите медиуми да бидат присутни и да известуваат за настанот. За прв пат натпреварите беа пренесувани во живо на интернет со помош на оптичкиот интернет од Т-Хоум.

WCG - Macedonia 2010

Минатата година, ќе ја паметиме и по нашата прва победа во екипно натпреварување на Светското првенство. Нашата е-спорт репрезентација ја победи екипата фаворит на првенството, Данска. Победата привлече огромно внимание и нашите репрезентативци се здобија со почит која во годините што следат ќе значат многу за нивната самодоверба.

Оваа година, настанот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ во рамките на ЛАН ФЕСТ, евент кој дебитира на ИКТ просторот во Македонија. Во недостиг на интеракција помеѓу ИКТ бизнис секторот и јавноста и непостоење на сеопфатен собир на информатичари, ЛАН ФЕСТ е единствениот настан од ваков
карактер.

Поделен на два сегменти, забавно-едукативен и изложбен-конференциски, ЛАНФЕСТ е одлична опција за спојување со националните квалификации во е-спорт. Повеќе од 10.000 посетители, покрај новитетите во ИТ светот, ќе можат да се запознаат директно со концептот е-спорт и што тоа значи. 500-тини учесници на ЛАНФЕСТ ќе бидат вмрежени со што се овозможува интерактивност меѓу нив, но и можност за размена на едукативен материјал, забава, организирање на натпревари, “хакерски сесии” кои овозможуваат директна интеракција со фирмите излагачи и други активности за зголемување на информатичката култура помеѓу учесниците и ИКТ бизнис секторот.

Вториот дел настанот е организирање на информатички саем со кој би се подигнало саемското изложување на организациите од ИКТ секторот во Македонија на повисоко ниво. Саемот има можност да опслужи со B2B, B2C, C2B, C2C комуникација, како и можност за промоција на продуктите и услугите преку користење на предавалните / конференциските сали, видео бимовите. Истиот ќе овозможи искористување на техничките карактеристики на Ланфест-от, каблирање, безбедносни софтвери, видео надзор, обезбедување, мрежни, хардверски и софтверски аспекти, кои се потребни за реализација на една сеопфатна манифестација.


Дел од забавната програма вклучува: организирање на наградни игри, натпревари во програмирање, дизајн, аудио и видео материјали, сајбер спорт и разни информатички умешности, ВИП коктел, следење на предавања од отворен тип, како и DJ-и кој ќе ги забавува посетителите и учесниците, по завршување на работното време.

Повеќе информации за учествување на седмите квалификации за WCG 2011 може да најдете на more2games.com.
Пријавени екипи и играчи до сега