Telesmart
Телесмарт е на Македонскиот телекомуникациски пазар од 2007 година. Регистрирана со седиште во Скопје, Телесмарт нуди напредни и сигурни телекомуникациски сервиси и ИТ решенија во Југоисточна и Централна Европа.
Благодарение на длабинското познавање на потребите на локалните корисници, широката палета на ИЦТ понуди и стабилните партнерства со регионалните провајдери, Телесмарт нуди широк спектар на големопродажни продукти со нагласок на високиот квалитет, доверливост и максимална сигурност до широката јавност, претпријатија, владини и големопродажни клиенти во Југоисточна и Централна Европа.
Со цел излегување во пресрет на корисничките барања за локални и глобални комуникациски сервиси и како одговор на потребите за комплексни решенија на големите компании, Телесмарт има развиено специјализиран продажен и технички тим кој е во можност во потполност да ги согледа потребите на корисниците вклучувајќи ги носителите на ТК сервиси, кабелските оператори, безжични провајдери, систем интегратори, интернет провајдери, како и провајдерите на специфични содржини и да одговори на нивните потреби со конкретни решенија.
Мрежата на Телесмарт нуди сервиси кои подразбираат широкопојасен пристап, виртуелни приватни мрежи, интернет пристап и транзит со големи брзини, управувано хостирање, комуникациски сервиси и медиа стриминг преку TDM, SDH и DWDM системи, рутирани преку првокласни Европски оператори со неспоредлив капацитет, пристап и флексибилност.
Телесмарт е присутен во повеќе Европски држави и поседува линкови до едни од најголемите ТК-јазли во Виена (Interxion) и Франкфурт (ITENOS), како и јазлите во Љубљана, Загреб, Темишвар, Будимпешта, Белград, Софија, Приштина и Сараево.
Со инсталирањето на своја опрема во Виена, Телесмарт стана првиот Македонски големопродажен оператор присутен во еден од најголемите Европски телекомуникациски јазли, давајќи им можнот на тој начин на останатите оператори во Македонија и регионот за директна продажба или купување на големи капацитети од и до големите светски оператори.
Портфолиото на големопродажните сервиси на Телесмарт е тестамент за разбирањето на деловните потреби на неговите клиенти и нашата заложба во создавањето на услови за подобрувањето на нивната оперативна ефикасност.







.jpg)

.jpg)

.jpg)
.jpg)
.jpg)






.jpg)


.jpg)

.jpg)
.jpg)

















