Дигитален Фестивал - ЛАН Фест
Што е ЛанФест – Дигитален Фестивал?
Дигиталниот фестивал во рамките на ЛанФест настанот преставува најголемиот LAN собир во југоисточна Европа со капацитет од 500 учесници.Фестивалот во времетраење од 3дена (20.05.2011 – Петок до 22.05.2011 – Недела) во просториите на С.Ц. Борис Трајковски се фокусира на сето она што можете да направите со компјутери, интернет и дигитална забава и култура. На фестивалот ќе можете да играте, комуницирате, програмирате, дизајнирате и се друго што можете да замислите! Како и на сите фестивали ЛанФест ќе нуди голем избор на храна и пијалаци за учесниците. Ќе бидат организирани разни видови на турнири, забава и музички настани.
Како да присуствувате на Дигиталниот Фестивал?
Пред да почнете да размислувате за учество прочитајте ги правилата и условите за фестивалот како и потребната и дозволената опрема што треба/може да се донесе.
Правила за настанот и услови за учество.
Потребна и дозволена опрема за учество.
Цената за учество на тридневниот дигитален фестивал изнесува 600ден, картите можат да се набават во продажните места на www.kupikartizase.com.
Фестивалот почнува во Петок 20.05.2011 во 08:30 часот. Се препорачува сите учесници да бидат присутни до 11:00 часот за да можат да присуствуваат на свеченото отворање.
Организаторите ќе им ги овозможат следниве работи на учесниците :
· ИД карта со вратна врвка, маица, подлога за глувче и други подароци за секој учесник.
· Стол, маса и место за вашата опрема.
· Еден приклучок за струја.
· Мрежен приклучок.
· Брз интернет пристап за сите, ќе имаме 4-5 гигабита конекција за целиот настан.
· Наградни игри од фирмите изложувачи.
· Учество во натпреварите организирани за време на ЛанФест.
· Простор за спиење ако одлучите да преспиете на настанот.
· Физичко обезбедување ќе биде обезбедено за времетраење на настанот како и видео надзор. Доколку нешто непосакувано се случи ќе имате увид на истото на ваше барање.
Било какви прашања во врска со настанот можете да поставите на следниов линк.
Прашања.












.jpg)

.jpg)

.jpg)
.jpg)
.jpg)






.jpg)


.jpg)

.jpg)
.jpg)

















